Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Доволно е власта да се откаже од криминални тендери и ете пари за минимална плата од 600 евра, вели Цветаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarypjeis215gbjr8iYgPP6

Имајќи ја предвид тешката економска положба на работниците, намалениот животен стандард и барањата на синдикатите, СДСМ поднесе закон за зголемување на минималната плата на 600 евра. И наместо да ги покачи платите на работниците и да обезбеди пари, ВМРО тргна во медиумски напади врз СДСМ, а потоа и врз синдикатите, вели Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Владата вели за работниците „нема пари“. Но има пари за криминални тендери, има пари да се планира купување нов владин авион и туристички патувања, како оние во Давос, со државни пари.

— реклама —

Затоа веднаш се стави во погон партиската говорница на ВМРО и медиумските кујни под контрола на Орбан.

Секојдневно се напаѓа СДСМ.

— реклама —

Вистината е тешка за власта. СДСМ беше конструктивна, СДСМ поднесе закон неколкупати за покачување на платите, за стандардот на граѓаните, за минималната плата. Власта одби.

ВМРО и Мицкоски си поигруваат со достоинството на работниците. ВМРО тера црна кампања, Мицкоски јавно се шегува, им поставува услови, им дели задачи, им порачува кого „ќе чекал во четврток“.

— реклама —

Ова е ароганција кон оние што едвај врзуваат крај со крај.

Наместо да ги напаѓа работниците и СДСМ, Владата треба да обезбеди пари за поголеми плати.

— реклама —

Доволно е да се откаже од криминалните тендери и ете ги парите.

600 евра минимална плата не е луксуз – тоа е минимум за достоинствен живот“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања