Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Дожд, грмежи и локални бури денес во овие делови од Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-libraryf2hpfu66bj759GnL39E
unsplash

Делови од северна и источна Грција денеска ќе бидат зафатени со нестабилно време, со зголемена облачност, локални врнежи од дожд и изолирани грмежи, соопшти Националната метеоролошка служба на земјата.

— реклама —

Најизразени временски промени се очекуваат во централна и источна Македонија, Тракија, островите во северниот дел на Егејското Море, источните копнени предели и на островот Евбеја, каде што повремено ќе има дожд и краткотрајни невремиња.

Во останатите делови од Грција времето ќе биде претежно стабилно, но во попладневните часови локални врнежи и грмежи се можни во внатрешноста на централна и јужна Грција, на Пелопонез, како и во планинските предели на Крит.

— реклама —

Утринските часови на места во западна Грција ќе бидат проследени со намалена видливост. Ќе дува северен ветер со јачина од 3 до 5 бофори, а во делови од Егејот повремено ќе достигнува и до 6 бофори.

— реклама —

Температурите ќе бидат малку пониски во однос на претходните денови, особено во источните региони, и ќе се движат меѓу 26 и 28 степени, додека во централните делови на земјата локално ќе достигнат и до 30 степени Целзиусови.

Во Атина се очекува променливо облачно време со можност за краткотраен дожд до пладне, додека во Солун времето ќе биде претежно стабилно, со можност за слаб дожд во околните планински подрачја во текот на денот.

Според прогнозите, за време на викендот се очекува подобрување на временските услови, иако во попладневните часови на некои места во внатрешноста и понатаму ќе има услови за изолирани врнежи и грмежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8btf7qj004gjaE20JAc

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Халкидики

Балкан | пред 12 часа

— реклама —
police_457542992-1-1021x580

Шест мигранти осомничени за напад и силување во Солун, жртвата ја фрлиле во морето

Балкан | пред 1 ден

bura-696x391

Црвен аларм во девет области во Грција поради силни бури и обилни врнежи

Балкан | пред 3 дена

media-library9d89q3t0mfujbtKeKQ9

Првиот човек на грчката кошарка поднесе оставка поради скандал

Спорт | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања