Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Дождливо и облачно низ Македонија: Најмногу врнежи во Маврови Анови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 44 минути -

Македонија
media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Врнежливо и студено утро во Македонија. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најмногу врнежи во изминатите 24 часа, до 08 часот утрово, се регистрирани во Маврови Анови, каде наврнале 14 литри на квадратен метар.

На второ место е Претор со 11 литри на квадратен метар, додека на Попова Шапка се измерени 8 литри. Во Тетово наврнале 7 литри, а во Гевгелија и Охрид по 6 литри на квадратен метар.

— реклама —

Најмалку врнежи се регистрирани во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка и Штип, каде наврнал по еден литар на квадратен метар.

— реклама —

Што се однесува до утринските температури, најстудено било на Попова Шапка, каде се измерени 0 степени Целзиусови. Во Маврови Анови и Крушево температурата изнесувала 4 степени, додека во Крива Паланка биле измерени 7 степени.

Во Берово, Тетово, Битола, Охрид, Прилеп, Претор и Виница утринската температура изнесувала 8 степени. Најтопло било во Гевгелија со 11 степени.

— реклама —

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи од 11 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Облачно време со повремен дожд, температурите до 16 степени

Македонија | пред 1 час

— реклама —
IMG_1106

Променливо облачно време со повремен дожд, утринска магла во котлините

Македонија | пред 1 ден

media-libraryc5salpee8lb74TKCv98

Променливо облачно и посвежо време, на планините можен снег

Македонија | пред 4 дена

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Променливо облачно време со повремен дожд и засилен северен ветер

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања