„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ДПИ изрече прекршочни платни налози за компанијата „Евротим ГДС“ ДООЕЛ - Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nafta-mazut

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) доби одговор од компанијата „Евротим ГДС“ ДООЕЛ - Кичево, дека компанијата ги прифаќа првичните резултати од анализите на земените мостри од производот „мазут“, што ги спроведе ДПИ во складот во Ресен.

— реклама —

Врз основа на овој одговор, ДПИ информира дека резултатите од испитувањето на првиот примерок се конечни. Односно, при првите примероци од земени мостри од складот за „мазут“ во Ресен во сопственост на оваа компанија, ДПИ констатираше дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430.

Врз основа на ова, ДПИ спроведе постапка на порамнување и издавање на прекршочни платни налози во износ од 10.000 евра за правното лице и 3.000 евра за одговорното лице.

— реклама —

Истовремено донесено е Решение со кое на правниот субјект му е наредено да ги отстрани несообразностите кај испитуваниот производ „мазут“ и определен е рок од 15 дена за постапување по наредбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања