„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Драконски казни доколку од понеделник бидете затекнати без сертификат за вакцина во угостителски објект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-08-13-at-13.59.25

Драконски казни се предвидени за граѓаните и фирмите кои нема да ја испочитуваат владината одлука и без сертификат влезат во угостителски објект или пак на организиран настан. Физичкото лице односно граѓанинот кој нема да ја испочитува владината одлука, а биде затекнат во угостителски објект, ќе биде казнет со 250 евра. Но, тоа не е единствената казна.

— реклама —

И фирмата чиј редар дозволил да влезе внатре, ќе треба да плати од 2.500 евра до 30.000 евра, зависно од видот на објектот, неговата големина, бројот на лица кои се внатре. Предвидена е и трета казна, а таа е за управителот на фирмата, кој на државата ќе треба да и плати дури 1.500 евра. Контролите ќе ги вршат инспекторите од Пазарниот инспекторат. Од понеделник контролите ќе бидат засилени.

Од 16 август, сите затворени угостителски објекти нема да може да организираат прослави, а во отворените делови кои се со капацитет за повеќе од 30 гости, ќе мора да има редарска служба, а присутните сертификат за примена барем една доза вакцина.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања