Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Драма над македонското небо: Авионот пет пати се обидел безуспешно да слета, патниците вриштеле од страв

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Вкупно пет неуспешни обиди имал авионот кој се обраќал на релација Истанбул-Скопје, да слета на скопскиот аеродром. Тој кружел над македонското небо, но не успеал да слета поради невремено, дознава „Скопје1.мк“. Патниците биле вознемирени, во авионот настанала паника и вриштење. Авионот бил на превозникот „Туриш ерлајнс“, а во него, дел македонската делегација која учествуваше на конференцијата од УНЕСКО во Баку, меѓу кои, градоначалникот на Охрид. Еден час траела драмата со слетувањето, а искуството било ужасно, сведочи еден од патниците за „Скопје1.мк“.

— реклама —

„Пиштење, молитви, плач! Тоа се слушаше во авионот кој точно пет пати направи обид да слета на аеродромот во Скопје, но не успеа. Се тресеше целиот авион, деца плачеа, а потоа почнаа да плачат и возрасните. Траорно и ужасно беше, а патниците гласно викаа и прашуваа зошто се случува сето ова и зошто не слета авионот во Охрид“, вели патник во авионот за „Скопје1.мк“.

— реклама —

Доколку невремето било главен проблем да авионот не слета во Скопје, се поставува прашањето, зошто не бил пренасочен да слета на охридскиот аеродром? Јавноста легитимно бара одговор, дали е безбедно македонското небо? Зошто се дозволило авионот да врти наоколу и да ја загрозува безбедноста на патниците, кога праксата од изминатите години покажува дека кога не може во Скопје, авионите слетуваат во Охрид?

— реклама —

Јавноста во Македонија е шокирана со аферите за набавката на радари и „бомбите“ кои се објавија, како и аферата за избегнат судар на македонското небо, и затоа повторно се отвора прашањето каква е безбеднста на авио сообраќајот?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања