Драматични сцени на последната седница во општина Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
igor-smilev-1

Игор Смилев, советник од Левица во општина Велес, на социјалните мрежи објави кратко резиме од четири одржани седници на Советот каде партијата има тројца советници.

— реклама —

„Резиме после четири одржани седници на Советот во општина Велес.

— реклама —

Сработено од тројцата советници на Левица :

— реклама —

- Востановивме отворен ден во Општина Велес ( секоја среда) за средба со граѓаните .

- Спречивме партизанско - герилски обид на Општината за легализација на дивоградба-свињарска фарма.

- Спречивме обид за насилен, драматичен и вонделовнички избор на член на Надзорен Одбор на ЈКП Дервен во кое за В.Д. директор е назначена фигура која е дел од најмрачното коруптивно минато на ДПМНЕ.

- Ја посведочивме тврдокорната локална коалиција и мнозинство на ДПМНЕ и ДУИ .

- Не изгласавме член на училишен одбор со сомнително минато

- Не ни изгласаа член за училишен одбор .

- Страсно и посветено се бориме за културата, урбаното планирање и заштитата на животната средина во градот како врвен приоритет во следните 4 години

- Поднесовме над 10 барања до Општинската администрација за начинот на трошење на пари по одредени ставки

- Конструктивно придонесуваме во работата на Советот во нацрт програмите со неколку прелиминарни проекти од урбанизам, здравство, култура, животна средина. Истите амандмански ќе ги поднесеме со цел да станат составен дел од буџетот.

- Продолжуваме со поддршка и условено мнозинство за сите стратешки проекти од интерес на градот, и со жесток и упорен отпор кон сите партиски решенија и кон враќање на коруптивното минато.

Во следните денови ќе ги објавиме и дел од драматичните сцени на последната 4 седница која траеше речиси до полноќ и која на нелолку пати беше прекинувана“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања