Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Драстичен пад на профитот на Порше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Магазин
media-libraryff519iqsglf96sSVrCF
фото: unsplash

Германскиот производител на луксузни автомобили Порше објави дека неговиот оперативен профит драстично се намалил од речиси 5,3 милијарди евра во 2024 година на само 90 милиони евра минатата година, главно поради послабата продажба во Кина и зголемувањето на американските царини.

— реклама —

Оперативниот профит на Порше за 2025 година, кој ги вклучува и финансиските услуги, изнесува 413 милиони евра, што исто така претставува голем пад во споредба со 5,6 милијарди евра во 2024 година.

Вкупните приходи се намалени за речиси 10 проценти на 36,3 милијарди евра, додека оперативната маржа паднала од 14,5 проценти на само 0,3 проценти, пренесува германскиот економски неделник „Виртшафтсвохе“.

— реклама —

Фолксваген наведува дека главните причини за слабите резултати се „темелно променетата пазарна средина во Кина, американските царини, побавниот премин кон електрични возила и еднократните посебни трошоци“.

Падот на профитот делумно бил ублажен преку започнатата програма за штедење и укинување на околу 4.000 работни места, се наведува во извештајот.

Во јануари на чело на Порше дојде поранешниот директор на Мекларен, Михаел Лајтерс, од кого се очекува да ги подобри резултатите на компанијата.

Порше и во 2026 година очекува намалување на продажбата, но прогнозира дека оперативната профитна маржа ќе се зголеми на повеќе од пет проценти.

Компанијата најавува дека ќе се насочи повеќе кон модели со мотори со внатрешно согорување поради недоволната побарувачка за електрични спортски автомобили во Кина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

porse

(Видео) Газда на „Поршето“ во Дебар маало е ексамбасадорот Срѓан Керим: Нема потреба од никакви коментари, постапено е според прописите

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања