„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Драстична промена во предлогот за блок тарифи, ќе се спасат и тие што се греат на струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Подигнат е прагот во блоковите за искористена електрична енергија во однос на претходно. Горната граница во втората блок-тарифа е 630 киловати во скапа тарифа за 30 дена, а третата е 1.050 киловати

— реклама —

Регулаторната комисија за енергетика, во присуство на сите релевантни фактори, го презентираше изменетиот предлог за блок-тарифите за домаќинствата и за малите потрошувачи што се снабдуваат со струја по регулирани цени. И понатаму останува одлуката дека овие блок-тарифи ќе важат само во дневна тарифа од 7 до 22 часот, додека во евтината тарифа, навечер од 22 часот до 7 наутро, како и цел ден во недела, нема да има блок-тарифирање, односно ќе има една цена.

Со новите измени е подигнат прагот во блоковите за искористена електрична енергија во однос на претходно. Но, првата најевтина тарифа и понатаму е за оние што имаат потрошувачка на струја до 210 киловат-часови електрична енергија во скапата тарифа во тек на 30 дена. Горната граница на втората блок-тарифа, место првично превидените 420 киловати, сега е утврдено дека ќе бидат 630 киловати, а третата тарифа е зголемена за 70 проценти од првичните размислувања и сега во неа ќе влезат оние со потрошувачка до 1.050 киловат-часови во скапа тарифа за 30 дена, а над тоа се веќе оние што ќе влезат во четвртата категорија.

— реклама —

Универзитетскиот професор Рубен Талески рече дека пресметките покажале дека за затоплување еден просечен стан со инвертор доволни ќе бидат 600 киловат-часови и затоа направиле промени во однос на висините на блок-тарифите, за да може тие што се греат на струја, да не плаќаат високи цени.

– Ако сега, со овие цени што важат за струјата до 1 јули, направиме симулација за примена на новиот модел на тарифирање, граѓаните што ќе влезат во втората и во третата тарифа ќе плаќаат 12 проценти пониски сметки – рече Талески.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски уште еднаш повтори дека потрошувачите ќе ги плаќаат само разликите од еден во друг блок, како што ќе ги поминуваат границите. Тој напомена и дека има случаи кога две-три семејства живеат во една куќа на неколку катови и имаат заедничко броило за електрична енергија, па за да не преоѓаат во скапите блокови неопходно е разделување на потрошувачите.

– Ги повикувам ЕВН во најкус можен рок да одговорат на барањето на граѓаните за раздвојување на броилата – рече Бислимоски и информираше дека таа услуга е 12.000 денари.

Од 1 јули, со новите цени и новиот тарифен систем, граѓаните ќе добиваат и поинаку конципирани сметки. Во нив ќе има цена за електрична енергија и цена за мрежни услуги – за дистрибуција и за пренос.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања