Дронови, пожари и хакерски напади: растечки ризици за здравствените установи во Берлин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Свет
berlin-protest

Болниците во Берлин пријавуваат сè поголем број сомнителни инциденти, меѓу кои кибернапади, прелети на дронови, провали и подметнати пожари, што, според експертите, укажува дека здравствените установи стануваат лесни и привлечни цели за непријателски и криминални структури.

— реклама —

Здружението на берлински болници предупредува на серија, како што ги опишува, „необјасниви инциденти“ во болниците и здравствените установи во главниот град на Германија. Дел од овие настани, според безбедносните и разузнавачките служби, се разгледуваат како можни облици на хибридно војување. Од Здружението нагласуваат дека заштитата на болниците повеќе не смее да се третира како внатрешно прашање на институциите, туку како задача што мора да се решава во тесна соработка со државните безбедносни служби.

— реклама —

Поради безбедносни причини, не се соопштува во кои конкретни установи се случиле инцидентите, но од Здружението посочуваат дека растечките закани ги принудиле болниците да воведат поефикасни механизми за самоодбрана. Во Берлин функционираат повеќе од 80 болници, меѓу кои и „Шарите“, најголемата универзитетска болница во Европа, со традиција подолга од три века.

— реклама —

Во ноември, силна експлозија сериозно ја оштетила болницата „Вивантес“, а само неколку часа подоцна избувнал пожар на влезот на „Шарите“. Во двата случаи биле погодени оддели за онколошки пациенти, што довело до отворање истрага за сомнеж за политички мотивирано подметнување пожар. Во текот на летото, биле пријавени и шест одделни пожари во подрумските простории на воената болница на Бундесверот, при што дел од медиумите шпекулирале за можна поврзаност со лекување на украински војници.

Федералната служба за заштита на уставниот поредок соопшти дека засега не регистрира зголемени активности на странски разузнавачки служби насочени директно кон болниците, но истакна дека здравствените установи во последните години често се цел на киберкриминални групи. Се истражуваат бројни напади со изнуда преку заклучување на компјутерски системи, за кои постои сомнеж дека потекнуваат од руски киберкриминални мрежи. Според службата, границата меѓу кибершпионажата и киберкриминалот станува сè понејасна, а директна поврзаност со државни структури ретко може недвосмислено да се докаже.

Експертите за заштита на критичната инфраструктура укажуваат дека болниците традиционално се слабо подготвени за ваков тип закани, особено помалите установи, главно поради хроничен недостиг од финансиски средства. Дел од болниците, според нив, ги насочуваат ограничените ресурси кон профитабилни оддели, наместо кон сеопфатна безбедносна инфраструктура. Дополнителен проблем е и растечката подготвеност за насилство кон здравствени работници и служби за итна помош, што се поврзува со ширење дезинформации на интернет.

Во јануари, при пожар во Еврејската болница во Берлин беа повредени 14 лица, а истрагата се води во координација со безбедносните служби. Истата година, саботажа на електрични водови во југозападниот дел на градот остави околу 100 илјади жители без греење, струја и интернет за време на екстремно ниски температури, при што одговорност презеде екстремистичка група.

Според безбедносните аналитичари, Германија сè уште не е доволно подготвена за заштита на критичната инфраструктура. Иако се преземени одредени чекори, тие, според нив, доаѓаат доцна и не се доволни. Берлин, сепак, направил исчекор со усвојување на првиот рамковен план за цивилна заштита на болниците, но се нагласува дека се неопходни значајни и насочени инвестиции за зголемување на отпорноста на здравствениот систем.

Според проценките, потребни се околу 2,7 милијарди евра почетни инвестиции и дополнителни 670 милиони евра годишно за оперативни трошоци, со цел болниците да можат да одговорат на актуелното ниво на закани. Германскиот парламент неодамна усвои и нов законски пакет за зајакнување на заштитата на критичната инфраструктура, кој ги обврзува институциите во стратешките сектори да ја подобрат физичката и информатичката безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryesms3nf31g9j1nLGof4

Илјадници се собраа кај Бранденбуршката порта во поддршка на народот на Иран

Свет | пред 4 дена

media-libraryn41dnudeniqgepOwooG

Берлинскиот аеродром затворен поради голомразица: Сите летови стопирани, хаос во воздушниот сообраќај

Свет | пред 6 дена

media-librarycmvnv5id63kg3GRHqKy

Снег и леден дожд го парализираа берлинскиот аеродром

Свет | пред 1 седмица

media-librarylqfv6rev63pbdSID1PK

(Видео) Пристигна трејлерот за „Берлин и дамата со хермелин“ – најавена најголемата кражба досега

Магазин | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања