Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarye3r1ghfvgptlavARBPE

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов, на денешната собраниска седница за пратенички прашања отвори три теми поврзани со енергетиката, одбраната и здравството, барајќи конкретни информации за придобивките од инфраструктурните проекти и владините мерки.

— реклама —

Во областа на енергетиката, Дрвошанов се осврна на повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје по 13 години, како и на изградбата на гасоводните интерконектори со Грција и Србија. Тој побара појаснување како овие проекти ќе придонесат за енергетската сигурност, намалувањето на зависноста од еден правец на снабдување и создавањето услови за поконкурентни цени на природниот гас.

— реклама —
— реклама —

Второто прашање го упати до министерот за одбрана, барајќи детали за владината одлука за решавање на долгогодишниот проблем со професионалните војници кои навршуваат 45 години. Дрвошанов побара информации за предвидените мерки, роковите за спроведување и очекуваните придобивки за оваа категорија припадници на Армијата.

Во врска со здравството, пратеникот побара од министерот за здравство да ги презентира досегашните резултати од обновувањето на опремата и материјално-техничките капацитети, реализираните набавки и планираните инвестиции. Притоа, ја посочи промоцијата на 100 нови амбулантни возила како повод за прашањето за подобрување на условите за работа на здравствените служби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања