Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Држава со опасни возачи: полицијата викендов казни 1343 лица - брзи, пијани, без дозволи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија

„На подрачјата на сите сектори за внатрешни работи во текот на изминатиот викенд (24/25.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1343 платни налози, а претежно по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ)“, велат од МВР и додаваат:

— реклама —

Според статистичките податоци, специфично за деновите од викендите и натаму најголемиот број изречени прекршоци се однесуваат на непочитување на брзината на движење 546, за непрописно паркирање беа изречени 120 мерки, за непоседување на возачка дозвола изречени се 137 санкции, потоа 121 мерка за некористење на сигурносен појас, како и 47 изречени санкции за користење на мобилен телефон.

— реклама —

Во деновите на викендот санкциониран е 21 возач за минување на затворен сигнал (црвено светло), додека пак 43 возачи се исклучени од сообраќај бидејќи управувале возило под дејство на алкохол. Исто така санкционирани биле десет возачи на мотоцикли поради неносење заштитна кацига, изречени се четири мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, а санкционирани биле и тројца возачи на електрични тротинети.

— реклама —

Во рамки на контролите, санкционирани се и 24 возачи за управување нерегистирано возило, а исклучени од сообраќај биле седум возила заради техничка неисправност согласно Законот за возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања