Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Државата ја развиваме“, Заев објаснуваше и убедуваше за глас повеќе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

„Четири години ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот и расте животниот стандард, општините, државата, заедно ги поставивме во вистинскиот правец, конечно тргнавме напред, одиме напред и нема дилема, „Најдоброто“ е можно единствено напред“, порача вечерва од Кочани претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Сите знаат каде бевме пред четири години а каде сме сега. За само четири години ја покачивме минималната плата од 9.000 на 15.200 денари, со интенција да ја покачиме на 18.000 што е 100-процентно покачување на минималната плата. Постигнавме просечна плата од 28.744 денари - сите плати се покачени за најмалку 100 евра. Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, минималната плата 300 евра. Ги зголемивме пензиите за по 2.000 денари во просек изминатите 4 години и од 2022 година, секој 1 јануари и 1 јули сериозно ќе растат пензиите. Социјалната помош ја зголемивме не за 3 отсто, не за 30 отсто, туку 300 отсто, ги обесштетивме стечајците и воведовме државна социјална пензија. Ја намаливме младинската невработеност од 42 процента, колку што ја затекнавме, на 29 проценти.

— реклама —

Вкупната невработеност ја намаливме на 15,9 отсто. 500 милиони евра инвестиравме во локални проекти. Така се сака државата. Така се градат општини и држава за сите луѓе. Не со поделби, не со лажни вести и со блокади, туку со проекти, со инвестиции, со влог во нашите сограѓани“, порача Заев.

— реклама —

Претседателот Заев ги повика граѓаните да дадат поддршка за да продолжат успесите на централно и локално ниво.

— реклама —

„Успесите што ги постигаме не се случајни, тие се резултат на силната заложба но и на вашата поддршка. Таа ваша поддршка ја очекуваме и на 17 октомври, за да ни потврдите дека го имаме „Најдоброто“ за Кочани. Затоа почитувани пријатели, на 17 октомври излезете масовно и заедно, сплотено и одлучно заокружете го бројот 12, тоа е победничкиот број кој гарантира напредок. На 17 октомври гласаме за Николчо Илијев гласаме за советничката листа на СДСМ, гласаме за 12 – за Најдоброто за Кочани“, повика Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања