Државата крена раце, народот не: Дали ФЗО манипулира со случајот на Леонид Индов?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
ywrtegfvsdc

Одлуката на ФЗО во име на државата да одбие да плати за лекувањто на Леонид Индов во Виена, донесе нетрпение кај граѓаните, кои го осудија ваквиот чекор. Заменик-народниот правобранител, Јован Андновски, прашува: „Дали ФЗО манипулира со случајот на Леонид Индов?“

— реклама —

„Во мислењето на лекарскиот конзилиум е наведено: да се овозможи болничко лекување (не рехабилитација), лицето се упатува на лекување во странство.

"Во нашата установа, поради недостаток на искуство за третман на оваа состојба и недостаток на технички можности ова лекување не може да се овозможи"‼️

— реклама —

Како тоа ФЗО тврди дека лекувањето може да се спроведе во државата? Во која установа? Одговорите на овие прашања ФЗО ги должи не само на Леонид и неговото семејство, туку и на целокупната јавност“, вели Андоновски.

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски-Космонаутко исто така излезе со став.

„Ако Леонид и претходни и наредни не исполнуваат услови во ФЗО, тогаш не е до нив. До условите е. Сменете ги и прилагодете ги во интерес на пациентите“, вели Јанкуловски.

И критичарот Божидар Божиновски со свој став.

„Помош од фондот не е така бомбастична глетка како прв испратен пациент со медицински хеликоптер. А денес Фондот за здравствено одби да му помогне на Леонид, со образложение дека може да се лекува и тука. Само се наметнува прашањето дали детето било искористено за партиски промоции и собирање поени кога било пуштено да се лекува во Австрија. Ако можел да се лекува тука, како што тврди Фондот, тогаш зошто воопшто целата таа претстава со хеликоптерот. Ако не може да се лекува тука, зошто Фондот не помага? Парите на овој или оној начин ќе се соберат. Останува само горчлив вкус дека се користат болни деца за промоција, дека се фрлаат пари за местени тендери, хонорарци, вработувања додека за оние кои им е најпотребно - нема“, напиша Божидар Божиновски.

„Леонид не е прв, а за жал ниту последен кого државата го остава на цедило кога животот му виси на конец. Само тогаш се следат и почитуваат процедури, се наоѓаат замерки и забелешки. Да беше сеа некое милионско тендерче, експресно ќе ја наредевте работата. Значи: народот може и да умира, ама ние да сме со полни џебови. Одличен слоган за во кампања“, стои во друга реакција.

Претходно, се огласи и семејството на Леонид.

Нема фотографија

Семејството на Леонид згрозено од ФЗОМ: Го лечевте со дијазапам да спие, нѐ оставивте на милост и немилост, преиспитајте ја одлуката!

Семејството на Леонид Индов кој беше првиот пациент однесен со медицинскиот хеликоптер на лекување во Виена е згрозено од ставовите на ФЗОМ кои одбија да платат за третманот, со образложение, како што велат Индови, можел да се лекува во Македонија. Семејството прашува колку компетентни тие кои ја потпишале одлуката Леонид да не добие пари. Сега, во тек е собирањето на донации.„Се прашувам зошто го однесовте во Виена кога можело да го однесете во државна болница таму како велите сте имале усови да го третирате и лечите... Да ве потсетам немате соодветни душеци, Леонид еден месец како го легнавте не го станавте, хигиената ви е на "завидно ниво", "персоналот обучен за вакви пациенти", психолог немавте да најдете цел месец да го посети Лео, психички го "утепавте", му направивте такви рани од кои една ќе треба година да се залечи... Сакате уште да ве потсетам... Што се однедува за лекувањето во Виена.. ЛЕКУВАЊЕ.. ИМА ИЗВЕШТАЈ доколку не знаете да прочитате ќе ви понудам стручен превод...Сакам да знам колку се компетентни овие луѓе што ја потпишале одлуката, да ве прашам каде бевте три недели додека ѕвоневме во нашата Амбасада во Грција и Конзулатот? На милост и немилост нѐ оставивте сами на себе, со здравствено осигурување и патничко осигурување, ваш државјанин.. Дали три дека со затната трахистома (единствен извор на животот на Леонче, вие го лечевте со дијазапам да спие бидејќи сте мислеле дека е паника дур се гушел... Ало Министерство за здравство, Влада, дај преиспитајте ја целата ситуација што се случува. Кој може да ни помогне, медински, јавни личности, Ве молиме контактирајте“, велат од семејството.За момчето се потребни 140.000 евра за лекувањето.Телефонски броеви за донација:Т-МОБИЛЕ 143-118А1 143 500

Коментари | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања