Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Државата не може да личи на Лас Вегас“, вели Мицкоски за коцкањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryvfitn7r6hsp001zvOAO
unsplash

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со предлог-законот за игрите на среќа изјави дека новите законски решенија имаат цел да воведат ред и ограничувања во оваа дејност, нагласувајќи дека државата мора да се заштити од негативните последици на неконтролираната експанзија на казината и објектите за коцкање.

— реклама —

„Имаме чувство дека државата наликуваше на Лас Вегас. Буквално, на секој чекор гледавме дуќани, кои со силни светлечки реклами се рекламираат на овој тип на игри на среќа, пред сè тука мислам на казината и коцкањето, и некако како по правило до нив веднаш имате канцеларија за брзи кредити. Па веднаш до нив имате заложувалница и така натаму.

Тоа е некаков систем кој мораме да го регулираме и цениме дека претставува систем кој, за жал, е причина за многу семејни несреќи и човечки трагедии. Со овој закон се регулира оваа дејност, повеќе нема да има таков тип на реклами кои привлекуваат внимание. Во некои места дури цели мали населби имаа по неколку казина, буквално не личеше тоа на ништо.

Со овој закон, свесни за последиците, можеби и за фискалниот ефект, но ние цениме дека мора да се стави ред и дисциплина во игрите на среќа и дека државата не може да наликува на Лас Вегас“, вели Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Во врска со реакциите дека законот бил донесен нетранспарентно и „мафијашки“ и дека тоа ќе значи отворање врата на црно пазарење и губење на илјадници работни места, Мицкоски вели дека законот бил ултратранспарентен.

„Беа повикани буквално сите засегнати страни да учествуваат во неговата изработка. Нормално е дека не можеме да се усогласиме сто проценти со оние кои се дел од тој бизнис, бидејќи тие имаат свој интерес. Ние го штитиме интересот на државата и граѓаните.

Не мислам дека ќе има нелегални приредувања на игрите на среќа и не мислам дека ќе се изгубат работни места. Едноставно се става дисциплина и поинаков лик, поинаква перцепција ќе имаат македонските граѓани“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarypau87gtmmr0q1TNsO32

Мицкоски: Без промовирање на семејните вредности, македонската економија ќе биде прва на удар

Македонија | пред 5 дена

media-library6jpon8suc9aa48u3kwF

На Скопје не му треба нов клинички центар, туку подобра организација на постојните болници – усогласени ставовите на Мицкоски и Клековски

Македонија | пред 5 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот би можел да поевтини за дополнителни 2 денари по литар

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања