Промени тема
Контакт

Државата потроши над 38 милиони евра за струја, а зимата не е ниту почната, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja-2

Власта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за да има власта што да краде, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„По неколкуте купување на скапа струја, склучен е нов договор за набавка на струја за 10 дена во вредност од над 12 милиони евра.

— реклама —

Доколку оваа сума се собере со претходните 11 милиони евра потрошени за струја, и 15 милиони кои ги плативме кон европската енергетска мрежа доаѓаме до сума од над 38 милиони евра, пари кои државата ги потроши за купување на скапа струја, а зимата календарски не е ниту почната.

Струја се купува затоа што нема домашно производство, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите.

— реклама —

Неспособноста за слабиот менаџмент со енергетските претпријатија ја плаќаат граѓаните од чии џебови се одвојуваат овие тешки милиони за да се купи струја, за подоцна и таа скапо платена струја некој од власта да ја краде за копање на биткоини.

— реклама —

Со оваа власт системот не функционира. Не чека енергетска криза од невидени размери и оваа власт не знае како да се справи. Затоа потребни се промени, брзи избори, а потоа и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања