Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Државна лотарија - Поддршка што ја гради заедницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-librarycalm8o2i43ldanriNAO

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Среќата не е само добивка, туку и момент кога се гради заедницата. Државна лотарија како општествено-одговорна компанија континуирано ја потврдува својата мисија – преку одговорно приредување игри на среќа, да вложува во спортот, културата, образованието и животната средина.

Во спортот, поддршката се и моментите што инспирираат. Државна лотарија ја даде својата поддршка за кошаркарите на КК МЗТ Скопје Аеродром, КК Вибас Баскет и КК Струмица,  баскет турнирот SlamJam Скопје 3x3, кој донесе младинска енергија и натпреварувачки дух, Фудбалската федерација на Македонија и фудбалските клубови Напредок и Лепенец. Истовремено спортските таленти од Карате клуб Аеродром, БК Шкупи, како и борците на КБК Викинг, продолжуваат да ја градат спортската приказна со поддршка што им овозможува подобри услови за тренинг и натпреварување.

— реклама —

Кога зборуваме за култура и уметност, Државна лотарија е повторно тука да ја даде својата поддршка. Изминативе месеци оставија вечери што се паметат и денес. Концертот на Владо Јаневски и „Бајага и Инструктори“ ја исполни арената со илјадници посетители, кои заедно пееја, а „Златна бубамара на популарноста“ уште еднаш ја потврди својата улога како најголем музички и забавен спектакл во земјата. Настапот на Хугел (Hugel) донесе светска енергија на скопската сцена, додека концертот на „Мизар“ беше потсетник на култниот статус што оваа група го има во македонската музика.

media-librarygv4dp71jmsm992TBBHi

Фестивалот „Видик“ отвори нови перспективи во литературата и културата, а поддршката за албумите на Антониа Гиговска, Пајак и Марија Спасовска, како и за програмските активности на танцовото студио Еурека,  ја потврдува посветеноста на Државна лотарија кон младите артисти и нивните проекти.

Меѓу поддржаните настани е и концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, кој се одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

— реклама —

Ансамблот „Ибе Паликуќа“ со своите настапи во Дубаи ја пренесе македонската традиција на меѓународната сцена, а концертот на Нокаут во арената „Јане Сандански“ беше уште една вечер што ја обедини публиката.

Особено значаен е проектот на асоцијацијата „КУЛА – Кратово“, кој со подготовка на фотокнига го документира културното и природното наследство на Осоговието, создавајќи трајна вредност за културниот и туристичкиот развој на регионот. Поддршката се прошири и кон еден од најголемите културни настани во земјата – фестивалот „Охридско лето“, кој секоја година ја збогатува културната сцена со врвни уметнички програми.

— реклама —
media-libraryjakvqsvuhnc4e4DUloZ

Во образованието и младинските активности, Државна лотарија ја поддржа Ораторската вечер „Иво Пухан“, како и настаните „Family day“ на здружението „Посветен викенд“.  Поддршка доби и проектот на здружението „Јудбина“, чијашто цел е подигнување на свеста за зачувување на животната средина кај учениците од основните училишта во градот Скопје.

Како партнер на многубројни спортски клубови, уметници и културни творци, Државна лотарија ја потврдува важноста дека без поддршка многу од овие приказни не би можеле да се реализираат.

На овој начин, Државна лотарија континуирано ја потврдува својата општествена одговорност и улога како двигател на заедницата – создавајќи услови за спортски успеси, културни достигнувања, едукативни иницијативи и еколошка свест.

Среќата е насекаде – во игрите, на теренот, во салата, во амфитеатарот, на подиумот, во книгата, во смеата, забавата и песната.

ПР

media-librarysjcsv1k81o254wDu5X2
media-library19kkol68crhf4MISXxJ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye0lu0po2b2p4duw0oq8

Инстант лоз „Хороскоп“ на Државна лотарија

Магазин | пред 2 часа

— реклама —
media-library7v9pa3rq1tj32AtcDOO

Инстант лоз „Титаниум“ на Државна лотарија

Магазин | пред 3 часа

media-library7uanilnlj5qgcScea9l

Затворени три друштва за интернет-игри на среќа по судски пат, соопшти Државна лотарија

Македонија | пред 1 ден

media-librarylcfng8lpg51i2arU08f

Договорот со Авалон одел преку Државна лотарија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања