Промени тема
Контакт

(Видео) Државниот врв е за набавка на нов авион оти овој се рарсипува, за опозицијата тоа е „расипништво“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryt8fvofge0898f23QXCw

Треба да се набави нов државен авион за официјални и државни потреби, порача директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, оценувајќи дека државата, доколку сака да се претставува сериозно на меѓународно ниво, мора да располага со соодветни транспортни капацитети.

— реклама —

Според Томовски, постојниот авион не ги задоволува потребите на државните институции. Тој посочи дека леталото е склоно на чести дефекти, повеќепати било испраќано на сервисирање, има ограничен капацитет од околу шест седишта и не овозможува превоз на соодветни делегации. Во таа насока, Томовски оцени дека сериозен државен имиџ подразбира и сериозни возила и авион.

— реклама —

Изјавата веднаш предизвика реакции од опозициската СДСМ, од каде што ја обвинија Владата дека, во време на економски притисоци и ниски приходи, приоритет ѝ е луксузот, а не животниот стандард на граѓаните. Од партијата посочија дека додека работниците тешко ги покриваат основните трошоци за живот и додека минималната плата не се зголемува, Владата размислува за купување авион за премиерот и за, како што велат, туристички патувања.

— реклама —

Според СДСМ, за зголемување на минималната плата и за поддршка на приватниот сектор би биле потребни околу 200 милиони евра, додека за авион се споменуваат уште стотици милиони евра. Опозицијата оцени дека власта одбива да обезбеди повисоки плати, но не се откажува од луксузните трошоци.

Во реакцијата, од СДСМ направија и споредба со претходните влади, наведувајќи дека поранешниот премиер Никола Груевски купувал луксузни автомобили и скапи лични предмети со пари на граѓаните, а дека актуелниот премиер Христијан Мицкоски, според нив, сака да оди чекор понатаму преку набавка на авион вреден стотици милиони евра.

Полемиката околу државниот авион ја отвори пошироката дебата за владините приоритети, односно дали во услови на економски предизвици и барања за повисоки плати, државата треба да инвестира во скап авион или средствата да ги насочи кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 19 часа

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

„Мицкоски најави 1.000 евра просечна плата а нема 600 евра за минимална, на бајките нема крај“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања