„Неодговорното однесување на Ковачевски во време на пандемија е закана за јавното здравје, Државниот здравствен инспекторат да поднесе кривична пријави. Димитар Ковачевски, како премиер во владата, и човек кој што треба да биде пример за почитување на законите, и КОВИД протоколите, јавно на владина седница ги крши протоколите, и не носи маска во затворен простор“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес конференцијата на Ненад Коциќ.
Тие додаваат:
Димитар Ковачевски со своето неодговорно однесување е закана за јавното здравје и причинител за поголемо ширење на корона вирусот.
Ковачевски наместо да дава пример како се почитуваат законите, тој ги крши, затоа го повикуваме и Државниот здравствен инспекторат да поднесе кривична пријава против Ковачевски.
Воедно напоменуваме пратеникот Коциќ да ги остави здравствените работници да си ја вршат работата, и да не ги злоупотребува како во време на кампања, кога во работно време ги тераше да се сликаат со него наместо да ја работат својата благородна работа.
Во СДСМ нема ниту етика, ниту морал, а ниту пак почит за законите. СДСМ се причина за сите кризи во државата, воедно и големата здравствена криза.


