Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Духовна радост и заедништво: Светогорскиот игумен Вартоломеј повторно во Бигорски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 43 минути -

Македонија
media-library1eg3uspm68vjaNktyMy

Братска средба исполнета со духовна радост и заедништво се одржа во Бигорскиот манастир, каде што гостуваа светогорски монаси и поклоници од Грција, предводени од архимандритот Вартоломеј, игумен на манастирот Есфигмен.

— реклама —

Гостите беа пречекани од бигорскиот игумен, епископот Антаниски г. Партениј, и монашкото братство. Средбата била исполнета со разговори за монашкиот живот, молитвата и значењето на единството во Христа.

— реклама —

Меѓу гостите биле и повеќе монаси од Света Гора, свештенослужители од Грција и Бугарија, како и архимандритот Никанор од манастирот на Светите Бесребреници во Перник. Во посетата учествувале и членови на Здружението на пријателите на манастирот Есфигмен, кои допатувале од Атина, Солун, Лариса и Агринио.

Епископот Партениј се потсетил на првата посета на игуменот Вартоломеј во мај 2022 година, кога тој бил првиот светогорски игумен што официјално го посетил Бигорскиот манастир по возобновувањето на литургиското заедничарење на Македонската православна црква со останатиот православен свет.

— реклама —

Светогорските гости изразиле благодарност за топлиот пречек и ја нагласиле важноста на меѓусебната љубов, молитвата и духовната поддршка. Од Бигорската обител посочуваат дека ваквите средби ги зацврстуваат духовните врски и го сведочат единството на Црквата.

— реклама —

На крајот, од манастирот упатија молитвени желби Пресвета Богородица и Свети Јован Крстител да ги закрилуваат гостите и монашкото братство, за сите да останат едно срце и една душа во љубовта Христова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk92kfh3jcgfc7demLyu

„Немаше кој да слуша, а не барав ништо, освен народ и молитва во храмовите“ – сведоштво на дедо Партениј за почетоците на Бигорски

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања