Промени тема
Контакт

ДУИ: Алијанса за Албанците брани докажани криминалци и извршители на насилство врз жени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DUIII

Демократската Унија за Интеграција остро реагира и на најновите скандалозни тврдења на Алијансата за Албанците, кои им застануваат во одбрана на сторителите на насилство врз жените и криминалците насилници на полицијата и институциите.

Алијансата за Албанците не го осудува насилството предизвикано за време на вчерашните протести во градот Тетово.

Алијансата за Албанците не ги осудува ниту нападите врз органи на јавниот ред и мир што вчера ги предизвикаа демонстрантите.

— реклама —

Алијансата за Албанците дури и не го осудува насилството врз жените преку навредливи зборови и слични пароли насочени кон жените во овој случај.

Напротив, Алијансата за Албанците застанува во одбрана на докажани криминалци и извршители на насилство врз жени.

Дека се мотивирачи и соучесници во вчерашниот насилен протест покажува фактот дека одговорниот за медиуми во АА, Арбен Зеќири лично ги објавува пораките упатени до активистите на партијата да учествуваат во протестите, додека потпретседателката на огранокот на АА во Тетово Нурије Нука Бајрами во текот на вчерашниот ден беше видена на камерите во живо додека ги охрабруваше демонстрантите да ги пробијат полициските кордони.

— реклама —

Демократската Унија за Интеграција, уште еднаш ги повикува сите политички сили во земјата да се дистанцираат од насилството на протести, да бидат внимателни со јазикот што се користи против жените, бидејќи тие се ниски дела и не припаѓаат на една висока граѓанска демократија, се наведува во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања