Промени тема
Контакт

ДУИ и СДС јавно да го објават договорот за коридорите, национален интерес на граѓаните е да знаат каде се трошат нивните пари, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
04042023_PVRSM_Kovachevski_koridor8-1

Од најголем национален интерес е власта веднаш да го објави договорот пред македонската јавност, со компанијата која ќе ги гради коридорите 8 и 10, бидејќи тие ќе се градат со парите на граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Да види народот како се кршат правата на македонските работници во делот на работните часови и траењето на работната недела.

Да види народот како ќе се плаќа 5 пати повеќе за изградба на километар автопат, во споредба со оној кој Македонија претходно го градеше заедно со ЕУ, на делницата Демир Капија-Смоквица.

— реклама —

Да види народот како се плаќаат повеќе од 300 милиони евра за пенали и аванси на уште нефрлена лопата.

— реклама —

Да види како се урнисува македонското право, а да биде и комично, надзор на сите овие работи ќе врши фирма за долна облека.

Корумпираната и криминална влада на ДУИ и СДС, одамна не знаат што се тоа македонски национални интереси, а за тоа граѓаните видоа многу примери во минатото.

— реклама —

По доаѓањето на власт на ВМРО- ДПМНЕ, на прво место во работењето ќе бидат ставени македонските национални интереси“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања