ДУИ ќе оди самостојно со свој кандидат на претседателските избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dui

Раководството на ДУИ одлучило да настапува самостојно и со свој кандидат на Претседателските избори.

— реклама —

Претседателството на ДУИ едногласно одлучи дека партијата на претседателските избори ќе оди со свој кандидат, изјави вечерва вицепремиерот Бујар Османи по средбата со претседателството во Мала Речица.

„Претседателсвото го овласти претседателот на партијата да може да разговара и со другите албански политички партии за евентуален концепт на заедничко излегување на овие избори или пак со другите политички партии на другите етнички заедници заради концептот консензуален какдидат, но доколку се создадат такви предуслови“, рече Османи.

— реклама —

Ова значи дека нема да се оствари желбата и најава на премиерот дека најдобра солуција е да има консезуален кандидат.

Засега Пратеникот и член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев ја искажа својата желба за кандидат за претседател. Тој се пријави на партискиот оглас за претседателски кандидат. Но, дали тој ќе биде кандидат, поточно финалниот збор треба да го каже ВМРО ДПМНЕ.

Покрај Ѓорчев, желба за претседателската фотеља покажа и универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова. Зад неа засега застанаа триесетина професори, кои упатија јавен повик барајќи јавноста да застане зад кандидатурата на универзитетската професорка . Тие сметаат дека таква надпартиска личност, е професорката на Правниот факултет во Скопје.

Останатите партии се уште не откриваат детали за нивните планови за претседателските избори кои треба да се одржат на пролет.

За потсетување, идејата за консензуален кандидат на некој начин потекна од ДУИ уште пред 5 години. Ахмети го промовираше во јавноста и пред последните претседателски избори, кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а кога вториот претседателски мандат го доби актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов. Но, ДУИ не успеа да се договори со партијата која тогаш ја водеше Никола Груевски, а Иванов го победи кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со околу 130 000 гласа разлика.

За претседателските избори да можат да бидат успешни и на нив да биде избран нов шеф на државата, неопходно е да гласаат најмалку 40 отсто од запишаните гласачи во избирачкиот список. На последните избори во 2014 година, кога Иванов го доби вториот мандат, гласаа речиси 49 отсто од избирачите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања