„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ДУИ не ја прифати резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dui

ДУИ не ја прифаќа резолуцијата поднесена до собранието од ВМРО ДПМНЕ. На денешната средба со опозициската партија побарале сите партии да го усогласат текстот и по него да се гласа.

— реклама —

Алијанса на Албанците и Алтернатива дополнително ќе заземат став откако претходно за ова ќе дискутираат партиските тела. Алијанса бара владејачките СДСМ и ДУИ да го усогласат ставот за резолуцијата да се донесе со консензус.

Пратеникот во Собранието на Македонија, Јован Јаулески пред неколку дена го објави текстот на резолуцијата кој неговата партија ВМРО-ДПМНЕ го достави до Собранието.

— реклама —

„Ќе поднесеме резолуција која што ќе ги дефинира македонските државни позиции за евроинтеграции и позиции (црвени линии) по однос на негирањата на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет.Оваа резолуција мора да биде прифатена од сите политички партии кои Македонија ја чувствуваат за своја татковина и заеднички донесена бидејќи се работи за иднината на државата и нашето постоење.Секое негирање или отфрлање на овој документ кој не е само политички текст на ВМРО – ДПМНЕ ќе значи склоност кон ново предавство.Ако заеднички си ја заштитиме – Македонија ќе постои уште посилна и никој нема да ја користи како алатка за лечење комплекси“, вели Јаулески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања