(Видео) ДУИ почна со поплаки дека се купувале гласови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Настани
media-library3ggam2gph8ccaIJqT0v

Во име на ДУИ, пратеникот Арбер Адеми се заблагодари на сите граѓани и припадници на дијаспората кои гласаа на локалните избори, нагласувајќи дека процесот бил повеќе од обична локална трка – тој бил, како што рече, „тест на политичкиот и моралниот карактер на државата“.

— реклама —

„Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања која го оцрни процесот и ја наруши еднаквоста на изборната трка. Сведоци сме на изборен асфалт, ноќно бетонирање, купување гласови и брутална вмешаност на државниот апарат во корист на власта. И покрај сето тоа, граѓаните покажаа дека знаат да препознаат и не дозволија резултатот да биде искривен во првиот круг, а убедени сме дека нема да биде искривен ни во вториот,“ изјави Адеми.

— реклама —
— реклама —

Тој упати апел до членовите на Државната изборна комисија (ДИК), набљудувачите и институциите да постапуваат со чесност и одговорност:
„Во оваа чувствителна фаза на процесот, повикуваме секој член на ДИК, секој набљудувач и институција – со чесност и одговорност да ја гарантираат слободната волја на граѓаните и интегритетот на изборниот процес. Секој глас е свет, а секое мешање во него е мешање во иднината на државата.“

Нашиот пат е јасен – патот на демократијата и Европската унија,“ додаде Адеми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 3 седмици

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања