Промени тема
Контакт

ДУИ-СДСМ крими ортаци - јавни претпријатија во Струга плаќаат астрономски кирии во локали на лица блиски до власта, порача ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-merko-1

Крими ортаците ДУИ и СДСМ одлично функционираат како на централно така и на локално ниво.

Пример за функционирањето на криминалната коалиција наречена ДУИ- СДСМ е општината Струга кај што главниот шериф е Рамиз Мерко.

— реклама —

Имено Мерко го продал земјиштето и објектот на јавното водоводно претпријатие во Струга и сега со години плаќа астрономски кирии во приватен објект. За деловните простории во сопственост на лица блиски до Рамиз Мерко, во кои сега е сместено јавното претпријатие, се плаќа месечна кирија над 3.000 евра. Според информациите на јавноста оваа кирија е повисока за 5 до 10 пати од киријата која ја плаќаат други приватни компании кои се сместени во други локали во истиот објект.

Да биде корупциската приказна целосна, тука е СДСМ, ортакот на ДУИ во криминалите. Јавното претпријатие за паркинг услуги во Струга, Еко Струга, раководено од кадар на СДСМ, исто така е сместено во истиот објект, но во друг локал, и тие плаќаат над 2000 евра месечна кирија. Веројатно и овој локал е во сопственост на луѓе блиско до власта.

— реклама —

Закупнината која ја плаќаат двете јавни претпријатија, која измесува над 5000 евра месечно, со полномоштво се исплаќаат на кај трети лица, а не кај сопствениците на локалите. Ова дополнително создава сомнежи за криминал, кој мора да биде истражен, и доколку се потврди да се санкционира.

— реклама —

Ова е типичен пример дека ДУИ ги осиромашува граѓаните, вклучително и Албанците, и нивните пари нетранспарентно и недомаќински ги троши за да богати субјекти блиски до партијата или нивните функционери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања