Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ДУИ со услов до Заев: Бежовска во финансии, а Бесими за гувернер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1783741-670x377

Премиерот Зоран Заев за нова министерка за финансии може да ја именува само актуелната гувернерка на Народна банка, Анита Ангеловска Бежовска, а на нејзино место да биде именуван поранешениот министер за економија, Фатмир Бесими. Ова е условот што Демократската унија за интеграција му го поставил на СДСМ, по одлуката на Антикорупциска, премиерот да не може целосно да ја остварува и функцијата министер за финансии.

— реклама —

Од ДУИ за весникот Коха велат дека очекуваат СДСМ да го почитува договорот од пред две години, за назначување на Бесими на чело на Народната банка на Македонија, бидејќи тоа било исто така и една од точките на договорот за владејачката коалиција.

„Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбра професионалец, да раководи со Народната банка на Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција”, велат за Коха од ДУИ.

— реклама —

Весникот „Kоха“ дознава дека во СДСМ биле запрени обидите за именување на нов министер за финансии, бидејќи ДУИ го потсетил премиерот за функцијата гувернер.

Сега, по одлуката на Антикорупциска дека Заев не може да биде и министер за финансии и премиер и кога потписот и печатот на Министерството е во рацете на заменик-министерката Ширете Елези, премиерот размислувал за ново име, со цел државната каса да биде во рацете на СДСМ.

Анита Ангеловска Бежовска беше назначена за гувернер поддржана и од ВМРО-ДПМНЕ, по најавата на тогашниот претседател, Ѓорѓе Иванов, дека нема да ја поддржи кандидатурата на Фатмир Бесими за гувернер на НБСМ. Инаку, со формирањето на Владата, ДУИ не го криеше договорот за назначување на Бесими на чело на НБСМ, што беше потврдено и од премиерот Зоран Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања