Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ДУИ во Струга не го поддржаа „нивниот“ Рамиз Мерко, тој сега повикува да се гласа за „независните“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
merko-3

Актуелниот градоначалник на Струга и висок функционер на ДУИ, Рамиз Мерко, отворено се спротивстави на сопствената партија, откако таа за локалните избори застана зад коалициониот партнер Зијадин Села. Мерко на своите поддржувачи им порача да гласаат за советничката листа на „независните“.

„Ја поддржувам независната листа за советници во Струга. Тие ќе работат за доброто на општината. Заокружете го бројот 120.“, напиша Мерко на својот профил на Фејсбук.

— реклама —
— реклама —

Името на градоначалникот на Струга се наоѓа на црната листа на САД од јуни 2023 година. Американскиот Стејт департмент тогаш соопшти дека Мерко е означен како неподобен за влез во САД поради, како што наведоа, негова вмешаност во значајна корупција. Истата мерка ги опфати и неговата сопруга Шпреса и нивните три полнолетни деца – Генц, Назмије и Дренуше.

— реклама —

Во меѓувреме, Обвинителството продолжува со отворање на предмети против Мерко, а последниот се однесува на јавната набавка за осветлувањето на вливот на реката Дрим во Охридското Езеро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8690ip8obc52F8KSeZ

„Што сакаат и за петлите наутро да наплатат?“, Сопственик на апартмани од Струга реагира по фактура од ЗАМП од 16.650 денари

Македонија | пред 3 дена

media-library5qlrqriqfq0f4W5sFCf

(Видео) Музичка вечер на Црн Дрим во организација на „Соларис“ и Europe House

Македонија | пред 1 седмица

media-library4hqjpfoood1063GLOnJ

МВР со кривична пријава за градоначалникот на Струга, спорно именување директор

Македонија | пред 3 месеци

media-library0kph0cu3sjnn6QzNaar

(Фото) „Градот не е депонија, ова не е некултура, туку недостаток на основна почит“, реагира струшки комуналец

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања