Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ДУИ злоупотребуват и деца во предизборна кампања, обвинува Алијанса за Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Се чини дека на ДУИ не и е доволно притисок врз администраторите, наставниците и професорите со закани и уцени да учествуваат во нивните предизборни митинзи во кампањата, овој политички субјект не ги штеди ниту децата со нивно користење и злоупотреба во нивните предизборни кампањи, додека сериозно ги кршаат правата на децата, велат од Алијанса за Албанците.

„Овој феномен често се повторува на митинзите на ДУИ. Последниот случај беше злоупотребата на деца од страна на кандидатката за градоначалник на општина Тетово од редовите на ДУИ г –ѓа.Теута Арифи, која на својот официјален профил објави фотографии со децата на Боксерскиот клуб „Шкендија Нолимит“ и со што се обидува да добие политички поени. Овој грд гест на Теута Арифи која се фотографира со деца среде кампања уште повеќе не потсетува дека градоначалничката во заминување не направи ништо за децата на Тетово, оставајќи ги нив без детски парк, без игралиште за нив, без спортски активности, и без образ и без срам оди и се фотографира со деца за време на кампањата.

— реклама —

Митинзите на ДУИ и отворањето на штабовите на оваа партија стануваат се поопасни поради рафалите и истрелите затоа ова претставува уште поголема опасност за децата и другите кои можат да бидат присутни во некој штаб на ДУИ како оној во Чаир или Желино.

— реклама —

Бараме од Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР во Северна Македонија да ја евидентираат оваа загриженост во нивниот извештај за предизборната кампања, исто така ја повикуваме и Првата амбасада за деца во Македонија „Меѓаши“ да го кренат гласот за кршење на правата на децата кои се злоупотребуваат во изборната кампања“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања