„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Дукати“ го претстави новиот електричен прототип со батерии од QuantumScape

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-libraryc02ns1albeu39HKQ2zb

Иако електричната технологија сè уште нема оставено значаен белег во светот на мотоциклите, тоа не ја спречува групацијата „Фолксваген“ да ја тестира батериската технологија и во двоточкашите.

— реклама —

„Дукати“, кој е дел од VW групацијата, беше единствениот снабдувач на мотори за Светското првенство во MotoE – шампионат кој оваа година беше згаснат. Во Германија деновиве беше претставена обновена верзија на прототипот Ducati V21L, овојпат опремен со 980 QSE-5 ќелии на компанијата „КвантумСкејп“ (QuantumScape), објави Revijahak.

Новите батериски ќелии користат литиум-метална анода и керамички сепаратор, што ветува значителни подобрувања во густината на енергијата, можноста за брзо полнење и безбедноста во споредба со класичните литиум-јонски батерии.

— реклама —

Целта е технологијата најпрвин да се тестира во прототипови, со надеж дека еден ден ќе се премине во сериско производство. Соработката меѓу VW и QuantumScape трае веќе една деценија, но конкретни резултати со батерии со цврст електролит сè уште недостигаат – како и кај повеќето други производители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања