Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Дунавот драстично се намалува, Унгарија презема мерки: Кај нуклеарката Пакш градат подводна брана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP
фото: unsplash

Нискиот водостој на Дунав создава сериозен предизвик за работата на нуклеарната централа Пакш во Унгарија, поради што започна изградба на привремена подводна брана за да се обезбеди доволно вода за непречено функционирање на постројката.

— реклама —

Во рамките на операцијата започна и контролирано потопување на две баржи, долги околу 80 метри. Тие се полнат со вода со помош на осум пумпи и треба дополнително да го подигнат нивото на водата во критичниот дел од реката.

— реклама —

Експертите непрекинато го следат водостојот и состојбата на речното корито, бидејќи, според проценките, нивото на Дунав дополнително ќе се намалува.

— реклама —

Во операцијата се вклучени и припадници на унгарските вооружени сили. Воените хеликоптери пристигнале на локацијата и подигнуваат бетонски блокови што се поставуваат во коритото на Дунав.

Мерките се преземаат со цел да се обезбеди доволно количество вода за системите на нуклеарната централа и да се овозможи нејзино непречено работење и покрај екстремно нискиот водостој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

lgbti

Голема промена во Унгарија: Парламентот ги укина спорните ограничувања за ЛГБТ+ содржините

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар смета дека децата подобро е да растат со истополови родители отколку во домови

Свет | пред 1 седмица

arheolozi-678x381-1

По две илјади години откриена мала фигурина на римската божица Венера во Унгарија

Свет | пред 2 седмици

media-library52ppof764n1v3vs10JZ

Уапсени двајца поранешни министри од владата на Орбан поради сомнежи за корупција

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања