Промени тема
Контакт

Дури шест обиди за измами вчера во Велес и Неготино: се бараат 35.000 евра за наводни операции на роднини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryluf0t1l28kh86stuRTE
unsplash / National Cancer Institute

Шест обиди за измами со лажни лекари се пријавени вчера на подрачјето на СВР Велес, од кои пет во Неготино и еден во Велес, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Велес, 53-годишна жена пријавила дека непознато машко лице му се јавило на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди и дека е потребна итна операција, за што требало да донесе пари во болницата во Велес.

— реклама —

Останатите пет случаи биле пријавени во ОВР Неготино од лица на возраст од 69 до 78 години. Според пријавите, машко лице им се јавувало и им тврдело дека нивни блиски роднини се повредени и дека за оперативен зафат е потребно да донесат пари. Побараните суми достигнувале и до 35.000 евра.

Во дел од случаите, измамникот се претставувал како лекар, а во други како полициски службеник. На некои од оштетените им било кажано парите да ги однесат во здравствени установи во Скопје, а на други во болницата во Велес.

— реклама —

Сите пријавители се посомневале во веродостојноста на повиците, ги контактирале своите блиски и утврдиле дека станува збор за обид за измама.

— реклама —

Од СВР Велес апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при комуникација со непознати лица и сите сомнителни повици веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица. Полицијата најавува засилени превентивни активности, особено насочени кон повозрасната популација, со цел навремено информирање и едукација за препознавање и спречување на телефонските измами.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

60-годишен скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library76ee7sj98oupd7DEdih

70-годишен скопјанец пронајден починат, телото предадено на обдукција

Македонија | пред 18 часа

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Тројца малолетни ученици физички нападнати во Рекреативниот центар „Сарај“

Скопје | пред 18 часа

media-library9e9f9mqh3e0daePfi5N

Приведен 35-годишник, со трактор без регистарски ознаки превезувал бесправно исечени дрва

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања