Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ е позитивен на ковид и има пневмонија.
Имено, Душко Тошиќ, откако на 7 јануари на Божиќ беше пријавен за насилство од сопругата Јелена Карлеуша, поранешниот фудбалер дознал дека има ковид-19.
Како што пишува „Хелоу“, Тошиќ има потешка форма со пневмонија. Не е познато како и каде се заразил, ниту дали е хоспитализиран.