Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Два дрона забележани над германска воена база, полицијата отвори истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library0id7lsn0u6cf5T8CUDY

Новиот инцидент со беспилотни летала во Германија предизвика безбедносна тревога, откако два дрона биле забележани над воена база на Бундесверот во Мехерних, на западот на земјата.

— реклама —

Дроновите биле забележани во четвртокот околу 22 часот од службата задолжена за безбедносен надзор на базата. Нивното присуство било потврдено, по што на терен била испратена воена полиција.

— реклама —

Германската војска соопшти дека полицијата од Ојскирхен отворила истрага. Засега нема информации кој управувал со дроновите, ниту од каде биле лансирани.

Инцидентот се случува само два дена откако во близина на аеродромот Лајпциг/Хале бил пронајден дрон со експлозивна направа. Направата била деактивирана, а германскиот министер за внатрешни работи Александар Добрингт тогаш оцени дека случајот претставува „ново ниво на опасност“.

— реклама —

Аеродромот Лајпциг/Хале е едно од најзначајните европски карго-воздушни сообраќајни средишта и се користи и за логистичка поддршка на Украина. На аеродромот функционира и програмата SALIS на НАТО, која се користи за транспорт на опрема кон источното крило на Алијансата.

— реклама —

Германските власти во последните години се соочуваат со повеќе инциденти поврзани со сомнителни дронови и саботажи. Западните безбедносни служби претходно ја обвинуваа Русија и лица поврзани со неа за низа саботажи и други операции низ Европа, што Москва ги отфрла.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarykv3n7q34euh4fTFUmIP

Германија може да ја започне 2027 година со повисоки цени и забрзана инфлација

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library2poa5hk28m19axkN5PW

(Видео) Тринаесетгодишно девојче загина во Германија, го прегази возач кој бегал од полицијата

Свет | пред 4 дена

media-libraryjv97pgpohr780c7dE3w

Со автомобил влетале во златарница: Драматична полициска потера во Германија

Свет | пред 6 дена

media-libraryfei7oki49kjq7956OwE

Германија веќе го надмина ланското производство на соларна енергија

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања