Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Германија може да ја започне 2027 година со повисоки цени и забрзана инфлација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Свет
media-librarykv3n7q34euh4fTFUmIP
christian-lue-unplash

Германија би можела да се соочи со ново забрзување на инфлацијата на почетокот на 2027 година, предупреди германската централна банка Бундесбанк. Како главни причини се наведуваат истекувањето на привременото намалување на акцизите за горивата и очекуваното поскапување на гасот.

— реклама —

Според месечниот извештај на банката, инфлацијата до крајот на годинава би можела да се задржи приближно на сегашното ниво, делумно благодарение на пониските акцизи кои ги ограничуваат цените на горивата. Но, со почетокот на новата година, престанокот на владините мерки за ублажување на поскапувањата би можел да предизвика нов ценовен притисок.

— реклама —

Од Бундесбанк предупредуваат дека повисоките цени на гасот, енергијата и суровините постепено ќе се одразат и врз цените на другите производи и одделни услуги. Се очекува инфлацијата на почетокот на 2027 година да се зголеми за околу половина процентен поен.

— реклама —

Податоците на германската статистичка служба покажуваат дека годишната инфлација во септември изнесувала 3,3 отсто, што беше највисоко ниво од декември 2023 година. Во октомври растот на цените забавил на 2,8 отсто.

— реклама —

Иако поскапувањето на енергијата забавило, таа во октомври и натаму била за 12,7 отсто поскапа во споредба со истиот месец минатата година, наспроти годишниот раст од 15,1 отсто во септември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2poa5hk28m19axkN5PW

(Видео) Тринаесетгодишно девојче загина во Германија, го прегази возач кој бегал од полицијата

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryjv97pgpohr780c7dE3w

Со автомобил влетале во златарница: Драматична полициска потера во Германија

Свет | пред 4 дена

media-libraryfei7oki49kjq7956OwE

Германија веќе го надмина ланското производство на соларна енергија

Свет | пред 4 дена

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Германските ракети со дострел до 2.000 километри отвораат нова безбедносна дилема во Европа

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања