Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Два „ер трактори“ испратени во Велешко за гаснење на големиот пожар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryr51a34b32en5bmhrbQt

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денеска, попладне, избувна пожар во велешката месност „Дорутовец“, по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот.

— реклама —

Поради ветрот и опасноста пожарот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, инаку и директор на ДЗС, активираше два противпожарни авиона „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Во прв момент, на терен дејствувале пожарникарите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес коишто дејствуваат со две ПП возила и 6 нивни припадници, а потоа нивниот број се зголемил според потребите, а во гасењето учествувале и јавни претпријатија и служби на Општина Велес, а и локално население од блиските села и населби.

— реклама —
— реклама —

По дејството на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите на ТППЕ Велес, месно население од с.Чалошево, екипа со цистерна од ЈП ,,Дервен“, а и други служби и сили од Општината, врз пожарот во месноста „Дорутовец“ во Велешко, опасноста беше намалена, но пожарот беше проширен во правец на патот Велес – Штип. Заради чадот што ветрот го насочувал кон автопатот, била побарана поддршка од МВР за подготвеност за регулирање на сообраќајот согласно потреби. Состојбата се следи од раководителот на Штабот, а секако и од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен.

— реклама —

Инаку, во државата имало и други пожари, од коишто до 8:00 часот, во ЦУК биле регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, при што aктивни биле 4 пожари, под целосна контрола немало регистрирано, а изгаснати биле 5 пoжари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library0v34h1vtsoan8OGbb7Q

Болницата „8 Септември“ со детали за пожарот: Избувнал на тераса, повредени нема, се проверува дали е од цигара

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library0v34h1vtsoan8OGbb7Q

(Видео) Пожар од отпушок од цигара на Ортопедија во „8 Септември“, направена евакуација – директорот: Ништо сериозно, нема никаков ризик ни за пациенти ни за персонал

Скопје | пред 1 ден

media-librarybto7l0193rg17xRLDW5

(Видео) МВР со детали за опожарениот автомобил во трговскиот во Ѓорче Петров

Скопје | пред 3 дена

media-libraryj3ec39p3d9o2ajaZcay

(Видео) Ужасни снимки од пожарот во Жданец: Пламенот се гледал од повеќе делови на Скопје

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања