Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Два партиски огранока , борба за името ВМРО ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Дебатата за прашањето за името на денешната собраниска седница се претвори во дебата за името на парламентарната група на исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата побара од спикерот на парламентот, Талат Џафери, групата да не го употребува името на нивната поранешна партија и коалиција. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски се обрати до претседателот на Собранието, Талат Џафери и информираше дека до Собранието бил исптаренен допис, потпишан од генералниот секретар на партијата Игор Јанушев, во кој се бара од Џафери да ги преземе сите потребни мерки и активности за истите да не го користат името и симболот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Ве замолуваме господине Џафери колегите да ги ословувате како Независна пратеничка група, затоа што власта не може да си нарача опозиција и да дебатира со нив. Би ве замолил да се држите до тоа колегите да се ословуваат како независни пратеници без некоја задна намера.“ рече Мицевски.

— реклама —

Џафери на барањето на пратениците од најголемата опозициска партија одговори дека расправата за името на ВМРО ДПМНЕ пратениците можат да ја продолжат пред надлежните судови.

— реклама —

„Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, а неговото писмо нема дејство врз мене. Пратеници според Деловникот имаат право да формираат пратенички групи. А за името не е надлежно Собранието, ќе одите на суд и ќе го решавате проблемот“,рече Џафери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања