Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Два земјотреса за неколку минути го погодија Крит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
zemjotres-2-2

Грчкиот остров Крит денеска беше погоден од два последователни земјотреси, кои се случиле во временски интервал од само неколку минути и биле почувствувани во повеќе делови од островот.

— реклама —

Според првичните информации, првиот земјотрес бил со јачина од 4,6 степени, а вториот достигнал 5,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил регистриран на длабочина од 14 километри под морското дно, во близина на островчето Гавдос, јужно од Крит.

— реклама —

Грчките медиуми јавуваат дека потресите биле почувствувани низ целиот остров, вклучително и во градовите Ретимно и Ханија, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите и туристите.

— реклама —

По земјотресите, грчката полиција започнала патроли на погодените подрачја, но засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

— реклама —

Од безбедносни причини, дел од туристите во околината биле евакуирани поради можност од одрони, додека надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 9 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања