Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Дваесетина видови опасен отпад горен во Дрисла, директорот на инспекторатот покажа со прст кон ексдиректорката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
drisla

Дури 26 видови на опасен отпад се гореле во ЈП „Дрисла“, меѓу кои и отпад од пестициди, киселини и жива, а претпријатието отпрвин добило дозвола во февруари, а потоа забрана за својата А-интегрирана дозвола од Инспекторатот за животна средина. Сегашниот в.д. директор Сретен Стојковски вели дека е нејасно зошто воопшто била издадена дозволата, а ја обвинува претходната директорка дека пет месеци не реагирала по ова прашање.

— реклама —

– Симптоматично е како претходната директорка пет месеци од издавањето на дозволата не реагирала пред да биде разрешена, иако учествувала во инспекцискиот увид и знаела дека „Дрисла“ нема инсталации за третман и преработка на опасен отпад – рече в.д. директорот на ДИЖС.

– Ние со решение им забранивме на „Дрисла“ да примаат таков отпади им дадовме рок да си достават барање до МЖСПП. Исто така, и Министерството е известено со информација за нашето решение, така што „Дрисла“ веќе не може да прима таков опасен отпад. Рокот е 90 дена. Во моментов „Дрисла“ има А-интегрирана еколошка дозвола каде во еден од прилозите, прилог 3, има 36 шифри на опасен отпад коишто се наведени во дозволата, а никаде во дозволата нема објаснување за екологијата, инсталации и начин на преработка и складирање на таквиот отпад што е симптоматично и не знам како е издадена таква дозвола за таков вид на отпад – истакна Стојковски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања