Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Двајца косовски државјани фатени на граница со накит вреден 1,1 милион денари скриен под облеката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library02mijlkm6nmcd5CMTmy

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на златен накит вреден околу 1,1 милион денари, откако при контрола открија двајца косовски државјани кои се обиделе нелегално да го внесат во земјава.

— реклама —

Според информациите од Царинската управа, станува збор за четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, кои осомничените ги купиле во Турција. Со цел да го избегнат царинскиот надзор, накитот го ставиле на себе и го прикриле под облеката.

— реклама —

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Царинската управа, кое против сторителите поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поради сомнение за кривично дело криумчарење.

Од Царинската управа информираат дека ова е 11. заплена на злато од почетокот на годината. Досега се одземени вкупно околу два килограми златен накит. Од вкупниот број случаи, четири се откриени на Богородица, пет на Меѓународниот аеродром Скопје, а по еден случај се евидентирани на граничните премини Табановце и Блаце.

— реклама —

Во девет од случаите, против десет лица се поднесени кривични пријави за криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик.

— реклама —

Од Царинската управа порачуваат дека ќе продолжат со засилени контроли и бескомпромисна борба против сите форми на криумчарење и организиран криминал, со цел заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер пазарна конкуренција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0nqp4g49m8audFaJw50

(Видео) На Богородица запленети 77 парчиња златен накит вредни четири милиони денари, скриени во перница за врат во автобус од Истанбул

Македонија | пред 1 седмица

media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања