Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 минути -

Македонија
media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи на возраст од 48 и 50 години се здобиле со тешки телесни повреди од остар предмет при обид да разделат учесници во физичка пресметка во казино во Тетово.

— реклама —

Според информациите од МВР, инцидентот се случил ноќеска, а повредените биле донесени во Клиничката болница во Тетово во 1:45 часот. Поради сериозноста на повредите, 48-годишниот маж од Брвеница бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека 50-годишниот жител на Сараќино останал на лекување во Тетово.

— реклама —

Според пријавеното, двајцата се обиделе да разделат четворица мажи кои ја нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.

— реклама —

Во врска со случајот, полицијата привела 34-годишен вработен во казиното поради сомнение за помагање во врска со кривичното дело „насилство“. Приведен е и еден од учесниците во пресметката, кој поради влошена здравствена состојба е под полициски надзор во болницата.

— реклама —

Останатите тројца учесници утрово сами се пријавиле во Полициската станица Тетово и биле задржани за понатамошна постапка. Од МВР информираат дека по целосното расчистување на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 11 минута

— реклама —
media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 12 минути

media-libraryc8de35nm46466F8a66x

Пет малолетници нападнале момче пред училиште во Рашче, му нанеле тешки телесни повреди

Македонија | пред 13 минути

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Битолчанец и фирма пријавени за даночно затајување, УЈП утврдила долг од над 500 илјади денари

Македонија | пред 14 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања