Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Двајца пациенти со западнонилска треска и натаму во тешка состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m
Илустрација / Скопје1

Двајца пациенти со потврдена западнонилска треска и натаму се во тешка здравствена состојба и се приклучени на апарати за дишење. Останатите четворица пациенти, кои се хоспитализирани на Одделот за невроинфекции, се стабилни.

Инфектолозите предупредуваат дека кај пациентите кај кои вирусот предизвикал невролошки симптоми е потребно подолго следење, а опоравувањето во потешките случаи може да трае и со месеци.

— реклама —

Министерството за здравство веќе ги известило надлежните здравствени институции за потребата од следење и на пациентите кои ја прележале инфекцијата со потешки компликации. Според здравствените власти, епидемијата на западнонилска треска веќе стивнува.

— реклама —

Од СДСМ, пак, продолжуваат со критики до власта за начинот на справување со епидемијата.

„Бројот на заболени расте, а бројот на починати достигна осум. Не се ова само статистички бројки – ова се човечки животи. Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената криза од западнонилска треска“, обвини СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија додаваат дека со недели предупредувале оти власта задоцнила со превентивните мерки, вклучително и со прскањето против комарци, како и со системските мерки и навремената заштита на граѓаните.

— реклама —

Според податоците на здравствените власти, заклучно со 8 септември годинава, во Македонија се потврдени вкупно 58 случаи на западнонилска треска, а регистрирани се осум смртни случаи.

Сите починати се мажи на возраст над 60 години од Скопје, а кај седум од нив биле присутни и други заболувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања