„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Двајца починати и тројца новозаразени – 11 општини се без активни случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
w_56102301

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, од направени 1.601 тестирања, регистрирани се три нови случаи на ковид-19, сите во Скопје. Пријавени се две починати лица во болнички услови, еден од Скопје (76г) и еден од Куманово (75г). Регистрирани се 15 оздравени пациенти, шест во Скопје, по две оздравени лица во Прилеп, Битола и Кичево и по еден во Тетово, Неготино и Виница. Во десет градови нема активни случаи на ковид-19.

— реклама —

Направени се 1.601 тестови преку: ИЈЗ-30, ЦЈЗ Скопје-15, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–7, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-88, Авицена-137, Биотек-177, Систина-132, лабораторија Лаор-0, Синлаб-1, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-94, ВФВ Медикал-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 910.

Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на ковид-19.

— реклама —

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 6.8643, Активни 102

Куманово 8.878, Активни 34

Прилеп 8.326, Активни 24

Тетово 7.241, Активни 23

Битола 6.304, Активни 8

Велес 5.472, Активни 4

Гостивар 5.181, Активни 8

Кавадарци 5.153, Активни 0

Охрид 5.016, Активни 14

Штип 4.960, Активни 1

Струмица 4.117, Активни 5

Струга 2.981, Активни 1

Кочани 2.792, Активни 3

Кичево 2.591, Активни 20

Гевгелија 2.195, Активни 2

Неготино 2.184, Активни 0

Свети Николе 1.523, Активни 0

Ресен 1.234, Активни 0

Крива Паланка 1.226, Активни 6

Радовиш 1.161, Активни 2

Берово 1.029, Активни 0

Делчево 973, Активни 1

Дебар 941, Активни 1

Виница 886, Активни 4

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 1

Демир Хисар 400, Активни 3

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 4

Македонски Брод 359, Активни 1

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 0

Дојран 132, Активни 0

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања