Двајца полициски службеници се меѓу жртвите во сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија на автопатот „Струма“. Ова го потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој додаде дека и членови на семејствата на вработените во МВР, се меѓу жртвите.
„Колегите од МВР беа во Бугарија имаа контакти со тамошните колеги и се договорија како понатаму да продолжат. Од Институтот за судска медицина работат со колегите од Бугарија. Со обвинителите е договорен начинот на комуникација, за полесно да се обезбедат материјали и докази“, кажа Спасовски.
Спасовски кажа дека сѐ што ќе биде побарано од бугарските истражители, ќе биде доставено од Македонија, а до тогаш, се останува во постојана комуникација со тамошните тимови.