Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Двајца жители на Врапчиште осомничени за попречување на правдата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
obvinitelstvo-gostivar

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Попречување на правдата предвидено во член 368-а став 5 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

На 30 септември, во семејната куќа во која живееле двајцата роднини, тие како соизвршители спречиле судија на Основниот суд Гостивар да презема дејствија предвидени во постапка пред надлежен суд. Судијата вршел увид и преземал службени дејствија за прибирање докази за предмет во вонпранична постапка, кога двајцата осомничени употребиле сила за да го спречат и започнале да го туркаат. Судијата се повлекол во автомобилот заедно со шоферот и дактилографот, по што осомничените во два наврати се обиделе насилно да ја отворат вратата од возилото за да го нападнат.

— реклама —
— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз постапката или да го повторат делото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

80-годишен жител на Чегране приведен по пријава дека се заканувал со остар предмет и оштетил автомобил

Македонија | пред 59 минути

media-library2iocci1eeqr40SSsruy

Се обидел да спречи тепачка меѓу двајца возачи, па бил нападнат

Македонија | пред 1 час

media-libraryhmkvg0vpnaumefhiBOH

Ќерка го нападнала татко ѝ со дрвен предмет

Македонија | пред 1 час

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Приведен 46-годишен гостиварец, физички ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања