Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Прилепчанец пријавен за лихварство во Кочани, позајмил 7.500 денари, барал да му вратат 12.500

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 минути -

Македонија
media-library62b07q8e1ssd4SndMqP
Илустрација / Скопје1

Основното јавно обвинителство во Кочани добило кривична пријава против 31-годишен маж од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „Лихварство“, информираат од полицијата.

— реклама —

Како што соопштуваат од МВР, на 20 ноември 2026 година, Одделението за внатрешни работи Кочани поднело кривична пријава против А.Д. (31) од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело според член 260, став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според пријавата, осомничениот во два наврати му позајмил пари на едно лице во вкупен износ од 7.500 денари, со договор позајмената сума да му биде вратена во износ од 12.500 денари.

Со ваквиот договор, според полицијата, А.Д. имал намера да се стекне со несразмерна имотна корист.

— реклама —

Како дополнителен залог за позајмените пари, осомничениот од лицето зел и предмети, односно еден рачен часовник и еден мобилен телефон.

— реклама —

Случајот е пријавен до надлежното Основно јавно обвинителство во Кочани, кое треба да постапува понатаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-53-3340PM

Изгубил контрола над тротинетот и паднал на асфалт, тешко повредено дете итно пренесено на скопските клиники

Македонија | пред 8 минути

— реклама —
media-library7i63hrf4igt02XUeV7C

Раководител во јавно претпријатие пријавен дека ѝ се заканувал на вработена

Скопје | пред 10 минути

media-libraryjh6cmt9f9vlg5FI1D6d

Петмина без возачка, двајца со активна забрана – девет возачи приведени низ државата

Македонија | пред 28 минути

kradec

Расчистена тешка кражба во здравствена установа во Виница: Украдени лични предмети од шкафчињата на вработените

Македонија | пред 48 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања