Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Петмина без возачка, двајца со активна забрана – девет возачи приведени низ државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Македонија
media-libraryjh6cmt9f9vlg5FI1D6d

Девет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од приведените, петмина управувале возило без претходно положен возачки испит. Станува збор за 19-годишник од Скопје, 24-годишник од Арачиново, 34-годишник од Неготино, 34-годишник од Битола и 39-годишник од Долни Липовиќ, општина Конче.

Кај последниот возач било утврдено и присуство на алкохол во крвта од 1,15 промили. Под дејство на алкохол управувал и 28-годишен жител на Велес, кај кого биле измерени дури 1,53 промили алкохол.

— реклама —

Полицијата лишила од слобода и двајца возачи кои управувале возила и покрај тоа што имале активна забрана за управување. Станува збор за 44-годишник од селото Црвевци, кичевско, и 22-годишник од селото Песочани, охридско.

— реклама —

Деветтиот возач, 40-годишник од Голема Речица, тетовско, бил затекнат како управува возило со брзина поголема од дозволената.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од полицијата повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без положен возачки испит, со активна забрана или под дејство на алкохол, со цел заеднички да придонесат за поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library62b07q8e1ssd4SndMqP

Прилепчанец пријавен за лихварство во Кочани, позајмил 7.500 денари, барал да му вратат 12.500

Македонија | пред 19 секунди

— реклама —
kradec

Расчистена тешка кражба во здравствена установа во Виница: Украдени лични предмети од шкафчињата на вработените

Македонија | пред 36 минути

media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Двајца гевгеличани уапсени за кражби кај браната „Конско“: Крадени мебел, бела техника и радијатори

Македонија | пред 39 минути

media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Не им дал 100.000 евра, па му го запалиле автомобилот – четворица Турци под истрага

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања