Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Не им дал 100.000 евра, па му го запалиле автомобилот – четворица Турци под истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Македонија
media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

СВР Штип поднесе кривична пријава против четири турски државјани на возраст од 22, 23, 24 и 25 години, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ во обид и „предизвикување општа опасност“.

— реклама —

Според информациите од МВР, осомничените, кои имале привремен престој во Штип и Скопје, во периодот од 9 до 17 ноември 2026 година се обиделе да изнудат пари од турски државјанин.

Прво и второпријавениот, кои во моментов издржуваат затворска казна во КПУ Затвор Идризово, наводно преку посредство на третопријавениот, во неколку наврати контактирале со оштетениот по телефон и преку директни средби.

— реклама —

Тие најпрво побарале 100.000 евра, заканувајќи му се и со неговото семејство. Откако тој ја одбил сумата, барањето го намалиле на 40.000 евра, но и овојпат не добиле согласност.

— реклама —

По одбивањето, според пријавата, осомничените го поттикнале четвртопријавениот на 17 ноември да предизвика пожар на патничко возило „Ренџ Ровер“, сопственост на сопругата на оштетениот.

Пожарот бил предизвикан со употреба на запалива течност на паркинг-простор на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип.

— реклама —

Кривичната пријава е поднесена во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за општ и насилен криминал и семејно насилство при МВР и СВР Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

Наставник нападнал двајца малолетници во основно училиште во Чаир

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Две малолетнички нападнале и ограбиле девојче во Центар, инцидентот го снимале со телефон

Македонија | пред 3 часа

zena-noz

Жена го нападнала сопругот со остар предмет

Македонија | пред 3 часа

media-librarycsh1i936ka910S4pYET

Ја нападнал сопругата, ја избркал од дома и ѝ ја запалил личната карта: Кривична пријава за маж од Теарце

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања