Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Две галерии на автопатот Охрид – Кичево целосно завршени, третата во изградба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryt5sm7thumouddGgfmOs

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика, а во следните месеци се очекува пуштање во сообраќај на најкомплицираните 10 километри од трасата, информира министерот за транспорт Александар Николоски.

— реклама —

Тој во објава посочи дека интензивно се работи на изградбата на галериите, при што две од нив се целосно завршени, додека на третата се работи со забрзано темпо.

— реклама —

Според Николоски, изградбата на галериите е најдобро решение за стабилизација на земјиштето, а досегашните активности на терен покажуваат дека ова решение дава резултати.

— реклама —

Паралелно со галериите, се работи и на стабилизација на земјиштето, завршување на мостовите, како и на изградбата на двете цевки од тунелите.

„Ова беше напуштен проект, ова беше проект во кој никој не веруваше, но веќе се гледа крајот. Имаме 34 километри на кои се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри кои се најкомплицираниот дел од овој автопат, каде што влегуваат тунелите и галериите“, наведе Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 3 дена

media-library8thkvmljromv2hF1Xlo

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања