„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Две години од „крвавиот четврток“ во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20170524092354

На денешен ден, во приквечерните часови, пред точно две години, се случи упад во македонското Собрание од страна на протестирачите од движењето „За заедничка Македонија“, кој резултираше со крв, агресија и дивеење на протестирачите кои ги нападнаа и тогаш веќе пратениците од владејачката гарнитура.

— реклама —

Обидот за државен удар во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, го изведоа околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ кои упаднаа во Собранието , за да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собрание на РМ.

Упадот се случи во 19 часот, кога маскирани лица беа пропуштени од собраниското обезбедување и упаднаа во салата за новинари. Насилниците физички ги нападна пратениците и новинарите, а со тешки телесни повреди се здобија Зоран Заев и Зијадин Села, како и Радмила Шекеринска.

— реклама —

Случајот за настаните во Собранието на 27 април 2017 година почна на 22 август 2018 година против вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Но, по донесувањето на Законот за амнестија беа помилувани 15 лица.

Во рамки на доказната постапка беа сослушани околу 50 сведоци, како и еден загрозен сведок, на чие сведочење беше исклучена јавноста.

Судечкиот совет во Кривичниот суд во Скопје предводен од судијката Добрила Кацарска на 15 март годинава им одреди вкупна затворска казна од 211 година на 16 обвинети за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, а Игор Дурловски го ослободи од обвинение.

Митко Чавков доби најголема казна од 18 години, Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски – Леви – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов 10 години, Мунир Пепиќ –  15 години, Абдулфета Алими – седум години, Младен Додевски – 12 години, Јане Ченто 15 години, Горанче Ангеловски – 12 години, Игор Југ – 12, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Николо Митровски – Кољо -15 години и Александар Василевски Нинџа – осум години.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција преку соопштение во февруари годинава информира дека под истрага се пет лица кои се сомничат дека се организатори на настаните од 27 април.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања